Зборувајте слободно

Запознајте едно поразлично искуство со комуникацијата. Неочекуван фокус на приватност заедно со сите функции кои ги очекувате.


Преземи 99chat

Зошто да користите 99chat?

Истражете подолу за да видите зошто 99chat е едноставна, моќна и безбедна алатка за комуникација

Споделете без несигурност

Најсовременото целосно шифрирање (овозможено од протоколот со отворен код на 99chat) ја одржува безбедноста на вашите разговори. Не можеме да ги читаме вашите пораки или слушаме вашите повици, а не може ни никој друг. Приватноста не е опција — туку 99chat едноставно функционира на тој начин. За секоја порака, секој повик и секојпат.

Кажете што било

Бесплатно споделувајте текстуални и говорни пораки, слики, видеа, GIF-ови и датотеки. 99chat ја користи интернет поврзаноста на вашиот телефон за да избегнете трошоци за SMS и MMS.

Зборувајте слободно

Имајте кристално јасни говорни и видео повици со луѓе кои живеат на другиот крај од градот или преку океанот, без трошоци за роаминг.

„Залепете“ ја приватноста

Додајте нов слој на изразување во вашите разговори со шифрирани налепници. Исто така можете да создавате и споделувате ваши пакети со налепници.

Поврзете се со Групи

Групните разговори прават полесно да останате поврзани со вашето семејство, пријателите и колегите.

Без реклами. Без следачи. Без зафрканции.

Нема реклами, нема придружни маркетери и нема морничаво следење во 99chat. Па фокусирајте се на споделување на моментите кои ви значат со луѓето кои ви значат.

Бесплатно за сите

99chat е независна и непрофитна организација. Ние не сме поврзани со ниту една од големите технолошки компании и не можеме да бидеме купени односно преземени од ниту една таква компанија. Развојот е поддржан од грантови и донации од луѓе како вас.

Донирај на 99chat